Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
4-то одделенец извадил нож среде час во училиштето Киро Глигоров во скопски Капиштец. За инцидентот кој се случил пред две недели алармираат родителите кои тврдат дека раководството на училиштето намерно се обидува да го прикрие од јавноста за да не се наруши угледот на институцијата.
Државниот просветен инспекторат на терен излогол три дена по инцидентот.
Според записникот кој го добивме од извршениот вонреден надзор, ученикот забележал остар предмет во ранецот и веднаш го пријавил на одделенскиот наставник. Бидејќи бил видно вознемирен од неговото пронаоѓање наставникот го одзел ножот и го изнел ученикот надвор од училница за да го смири. Веднаш биле повикани и родителите, а мајката изјавила дека по грешка во брзање го ставила ножот во ранецот на своето дете и дека ја превзема целата одговорност за што потпишала и писмена изјава, стои во записникот.
Ова сепак е спротивно на тврдењата на родителите дека истото дете досега повеќепати покажало агресивно однесување со ножици и дека минатата година нападнало другарче со посебни потреби. Стручните служби на училиштето веќе 4 години работат со истиот ученик, но неговото однесување е непроменето, додека директорот на училиштето врши притисок наставниците да го смират случајот, а родителите на проблематичното дете да се заштитат, тврдат родителите кои бараат итни родителски средба за да се зголеми безбедноста на учениците, додека не е предоцна.
Од училиштето пак не одговорија на ваквите обвинувања. Тврдат дека по инцидентот се превземни сите мерки
Изготвен е писмен план за поддршка кој вклучува индивидуална работа со психолог и специјален едукатор, засилена опсервација, работа со паралелката на социјални вештини и редовна комуникација со родителите. Преземени се и дополнителни превентивни мерки за безбедност, согласно утврдените процедури.
Важно е да појасниме дека во конкретниот случај не беше утврдено заканувачко однесување кон други ученици, ниту намера за повредување, стои во ставот кој ни го испрати директорката на училиштетот Киро Глигоров.
Со инцидентот е запознаена и министерката за образование која вели дека надлежните постапуваат, а состојбата во училиштето се следи.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
