Loading Video...
Свет
2. March 2026 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Состојбата во Иран и државите на Блискиот исток не се смирува. Израел започна нови воздушни напади насочени кон Техеран и акцијата ја прошири со напади врз милитантите на Хезболах . Утрово во нападите врз Бејрут загина 31 лице, повредени 149 и луѓето масовно бегаат од градот. Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека американско-израелскиот воен напад врз ирански цели може да продолжи со недели.

Во текот на изминатите 36 часа, Соединетите Американски Држави и нивните партнери ја започнаа операцијата „Епски бес“, една од најголемите, најсложените, најсилните воени офанзиви што светот некогаш ги видел. Никој не видел нешто слично. Погодивме стотици цели во Иран, вклучувајќи објекти на Револуционерната гарда, ирански системи за воздушна одбрана. Поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов.

Главниот град на Иран, Техеран, беше под силен напад во текот на ноќ. Сирените за воздушен напад се вклучија, а нападот започна околу 21:00 часот. Емитувањето на Иранската државна телевизија беше прекинато во недела. 

Иран објави крај на операциите за пребарување на жртвите од воздушниот напад на САД и Израел врз основно училиште за девојчиња во јужен Иран, при што беа пријавени 165 смртни случаи. Училиштето се наоѓа во Минаб, во близина на воена база на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Училиштето беше погодено во саботата за време на голема офанзива спроведена заеднички од Вашингтон и Тел Авив.

Сирени се слушаа утрово низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети, а експлозии се слушнале во Ерусалим, Тел Авив и други локации во Израел по најновата рунда ракетни напади од Иран.

Вчера го елиминиравме тиранинот Хамнеи. Заедно со него, елиминиравме десетици високи функционери во режимот на угнетување. Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со растечки интензитет, а ова само ќе се зголеми во наредните денови. Сепак, ова се болни денови. Вчера тука во Тел Авив, а сега и во Бејт Шемеш, изгубивме драги луѓе.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави во неделата дека го започнала деветтиот бран од „Операција Вистинско ветување 4“ против Израел и американски цели во регионот, а густ чад имаше и над главниот град на Бахреин, Манама, доцна синоќа и тоа е дел од ирански напади насочени кон големата поморска база која е дом на седиштето на Петтата флота на американската морнарица.

Шефот за безбедност на Иран, Али Лариџани, кој беше и советник на поранешниот врховен лидер на земјата, во објава на платформата X изјави дека Техеран нема да преговара со САД, како одговор на извештајот дека Иран се обидува да ги обнови преговорите со Вашингтон.

Израелскиот министер за надворешни работи Абас Аракачи изјави: 

„Па, Иран отсекогаш бил отворен за дипломатија. И мислам дека имаме многу добра евиденција за тоа. За разлика од Американците, нивната евиденција е многу лоша и многу негативна. Ова е втор пат да преговараме со Американците, а тие решија да нè нападнат токму на средина од преговорите. Значи, првата ракета или проектил или што и да испукаа падна на преговарачката маса. Се случи токму истото минатиот јуни. 

Напад со беспилотно летало во текот на ноќта ја погоди британската база во Акротири на Кипар предизвикувајќи ограничена штета и без жртви. Свое обраќање имаше и претседателот државата Хрисодулидес. Кипар е членка на ЕУ, која сега го има ротирачкото претседателство.  Дваесет и седумте земји-членки на Европската Унија повикуваат на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран и низ целиот Блиски Исток, вели шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас.