Loading Video...
Свет
4. March 2026 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Иранското свештеничко тело, Собранието на експерти, го избра Моџтаба Хаманеи, синот на убиениот ајатолах, за нов врховен водач на Исламскаат република објавија западните медиуми повикувајќи се на извори од Техеран. Моџтаба Хамнеи, 56-годишен свештеник и втор најстар син на Али Хаманеи нема формална државна или владина функција, но долго време се сметаше за еден од највлијателните луѓе на режимот зад сцената.  Секој лидер кој ќе го именува иранскиот терористички режим ќе биде недвосмислена цел за елиминација, се закани израелскиот министер за одбрана Израел Кац. 

 Претходно  американскиот претседател ТРамп  изјави дека Израел и САД со нападите создаваат  услови иранскиот народ да воспостави демократска власт и да го обнови мирот во регионот.  Бомбардирањата низ  Техеран продолжуваат. Мети се цели на Исламската револуционерна гарда.  Во фокусот на американските напади и иранската морнарица  поради потенцијалот да го затвори  Ормутскиот теснец.  

- Исто така ја потопуваме иранската морнарица, целата иранска морнарица. До сега имаме уништено 17 ирански бродови, вклучувајќи ја и најоперативната иранска подморница, која сега има дупка на нејзиниот труп. Со децении иранскиот режим го попречуваше меѓународниот поморски транспорт. Адмирал Бред Купер, шеф на Централната команда на американската армија.

Техеран жестоко одговара--   Сирени одекнуваат во Тел Авив, предупредувајќи ги граѓаните за ракети лансирани од Иран.  Пријавени се нови  наапди  врз американски цели  во Саудиска Арабија и Кувајт додека турксите власти објавија  дека „одбраната на НАТО“ соборила иранска ракета пред да навлезе во воздушиот прсот на Турција. САД, имаат воздухопловни сили стационирани во базата Инџирлик на југот на Турција.

Во текот на изминатата година и пол слушнавме многу измамнички информации. Но, сега е време да се бориме и да ја браниме нашата земја, и сè што се обидува да нè одвлече вниманието или да нè заведе ќе биде отфрлено. Измамата отсекогаш била дел од начинот на работа на нашиот непријател. Нашите вооружени сили положија заклетва, а иранскиот народ вети дека ќе даде сè од себе (за да ја добиеме оваа војна).“ Есмаил Багаи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи

Конфликтот ги скара  американскиот претседател Трамп и шпанскиот премиерт Санчез. Трамп нареди прекин на сите трговски врски со Мадрид, откако Санчез не дозволи  користење на заедничките бази Рота и Морон за воени операци против Иран. 

- Прво, не на рушењето на меѓународното право што нè штити сите нас, особено најнезаштитените, цивилното население. Второ, не на претпоставката дека светот може да ги реши своите проблеми само преку вооружен конфликт и бомбардирања. И, конечно, не на повторување на грешките од минатото. Накратко, ставот на шпанската влада може да се сумира во четири збора: не на војната. Педро Санчез, премиер на Шпанија. Петто  

Сирени за тревога одекнуваат и во Либан. 

Израел продолжува со  воените дејствија  против Хезболах, кои почнаа да го гранатираат северниот дел од ецрејската држава во поддршка на Иран.