Македонија
6. March 2026 - 16:36

Укината забраната за пиење на водата во Струга

Укината е забраната за пиење на водата од градскиот водовод во Струга но сепак граѓаните внимателно да ја користат.Од Центарот за јавно здравје велат  дека иако последните  анализи покажале дека матноста е во граници нa нормалата сепак состојбата ќе се следи

Анализите постојано се менуваат , два дена се нормализира состојбата но веќе третиот  повторно покажуваат зголемена матност, која  не ги исполнува  безбедносните стандарди .

Водата од градскиот водовор во Струга беше  забранета  за пиење  речиси месец дена поради голема матност во изворот во „Шум“ од каде градот и околните села се снабдуваат со вода. 

Загадувањето на водата во Струга  е под лупа и на обвинителството, две фирми од Велешта добија забрана за работа.