Македонија
6. March 2026 - 16:38

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка

Дали конечно хартиените упати, рецепти и лекарски извештаи ќе заминат во историјата? Деновиве на ЕНЕР ќе бидат поставени измените на законот за евиденции во здравството кој предвидува секој пациент да има електронско здравствено досие, најави Азир Алиу. Нема повеќе чекање со цела папка документи пред ординација а за сите интервенции и прегледи во приватни установи увид ќе имаат и лекари во државните болници и обратно.

 –Се ќе биде дигитално и пациентот треба само да се појави во здравствената установа. Лекарот ќе има пристап до досието и до сите историски податоци за пациентот. Исто така сите податоци ќе бидат чувани во централизирана база, изјави Азир Алиу, министер за здравство. 

Со овој закон ќе биде уредена и телемедицината која за почеток ќе биде пилот проект во Дебар, Делчево и Скопје а потоа ќе биде уредена на национално ниво. Во посебни ценри пациентот ќе оди и преку видео врска ќе биде поврзан со соодветен специјалист. 

- Ќе има и мобилна апликација која ќе се поврзува со матичниот лекар и матичниот ќе може и во дистанца да шрешишува и да се консултира со пациентот, вели Алиу. 

Очекувањата се дека со овој закон не само што посигурно ќе се управува со податоцие на пациените туку ќе има и подобар квалитет на здравствените услуги.