Македонија
7. March 2026 - 16:31

Хoџа: Во тек е реализација на првата фаза за изградба на регионална депонија

Во тек е реализација на првата фаза од проектот за иградба на регионални депонии. Министерот за животна средина и просторно планирање Хоџа вели дека моментално се врши предавање на машини и опрема на општините.

Екологистите алармираат дека депонијата Буково е најголемиот загадувач на воздухот и животната средина и бараат што поскоро да се изгради регионална депонија. 

Изградба на регионална депонија кај Новаци се најавува години наназад, а истовремено е една од главните препораки во извештајот на УНЕСКО.