Loading Video...
Свет
13. March 2026 - 12:31

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „тотално го уништуваат“ Иран и тврди дека иранските воени сили и раководството се уништени. САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Иран одговори со свои напади врз Израел и земјите од Заливот со американски бази.

Како што војната ја завршува втората недела убивајќи илјадници луѓе и потресувајќи ги финансиските пазари, лидерите на Иран, Израел и САД изразија пркос и ветија дека ќе продолжат да се борат.

Повеќе од 4,1 милиони луѓе се внатрешно раселени во Авганистан, Иран, Либан и Пакистан од почетокот на сегашната воена ескалација на Блискиот Исток, изјави синоќа Стефан Дужарик, главен портпарол на генералниот секретар на ОН. Дополнително, околу 117.000 луѓе побарале засолниште во друга земја, повикувајќи се на бројки од Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).

Во својата прва порака лидерот на Иран Моџтаба Хамнеи истакна:

„Секако, влијанието на блокирањето на Ормутскиот теснец мора да продолжи да се користи. И отворањето на други фронтови каде што непријателот е многу ранлив, доколку војната продолжи, ќе се разгледа притоа почитувајќи ги стратешките интереси. Бидејќи дадовме експлицитно предупредување и без да извршиме никаква агресија против тие (регионални) земји, ние остануваме посветени на неопходноста од пријателство меѓу нас и тие соседи и само ги таргетиравме тие (американски) бази. Отсега па натаму, ние ќе бидеме принудени да продолжиме со оваа акција.“

Иранците што се собраа во Техеран ги поддржаа првите забелешки на новиот врховен лидер на земјата, Моџтаба Хамнеи, велејќи дека „го поддржуваат и стојат зад него“.

„Им нанесуваме уништувачки удари на Револуционерната гарда и Басиџот, и на улиците и на контролните пунктови, и сè уште има уште многу да се направи. Му велам на иранскиот народ: моментот кога ќе можете да тргнете по нов пат на слободата - тој момент се приближува. Ние стоиме покрај вас, ви помагаме, но на крајот зависи од вас, е во ваши раце.“

И додека лидерите упатуваат пораки, во вечерните часови се слушаа сирени во градовите во Израел, а нападите продолжија и на иранска територија.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека стратегијата на затворање на Ормускиот Теснец ќе продолжи и во наредните денови, истакнувајќи дека споменатиот план е во согласност со упатствата на новиот ирански ајатолах, Моџтаба Хамнеи, а како резултат на состојбата во теснецот САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море. Оваа тесно прилагодена, краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди значителна финансиска корист за руската Влада.