Loading Video...
Свет
15. March 2026 - 16:43

Војната на Блискиот Исток не се смирува

Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Катар пријавија дека нокеска и рано утрово Иран извел нови напади со ракети и беспилотни летала. Иранскиот врховен водач Моџтаба Хамнеи ги повика заливските земји да ги затворат американските бази на своја територија и да се спасат од напади.

Трамп во интевју за НБС њуз призна дека нападите на Иран врз американските сојузници во регионот биле најголемото изнанедување за него. Тие земји беа непотребно нападнати оцени американскиот претседател. Соопшти и дека Техеран сака да склучи договор за завршување на војната, но засега, условите не се доволно добри.

Повеќе детали не сподели, стигна одоговр од Иран.

-Како ќе заврши оваа војна, е во наша контрола. Ќе се стремиме кон завршување на војната само кога, пред сè, ќе добиеме целосна отштета од Америка за уништувањето што го предизвикаа (во војната), и бараме 100-процентна (безбедносна) гаранција за иднината, што не е можно без американско излегување од Персискиот Залив. Затоа, втор услов за завршување на војната е Америка да го напушти регионот на Персискиот Залив изјави високиот ирански функционер Мохсен Резаи.

Израелската војска објави дека Иран во текот на нокта испукал шест балиситчки ракети кон Израел и како одоговор утрово е почнат масовен напад врз воени цели на Иран. Иранските напади вклучуваче удари врз владиниот комплекс во Тел Авив, канцеларијата на премиерот Нетанјаху, како и воени центри во Хаифа и источен Ерусалим.

-Нетанјаху е нашата цел, ќе го гониме и ќе го убиеме, се закани Исламската револуционерна гарда.

Во меѓувреме, израелските власти соопштија дека 108 ранети лица се однесени во болници во последните 24 часа како резултат на војната со Иран.

„Иранскиот режим ги таргетира цивилите, цивилното население и сите жртви со кои се соочивме во текот на овие две недели конфронтација, исто како што е исто како во деновите на операцијата „Разбеснат  Лав“ - сите без исклучок - се цивили од иранските ракети.

„Сакаме да ги отстраниме егзистенцијалните закани од Иран на долг рок. Не сакаме секоја година да одиме во друга војна, сакаме да ги отстраниме овие егзистенцијални закани на долг рок, изјави израелскиот министер за надворешни работи.