52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени

Полициски службеници од ОВР Струга ноќеска во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, ги лишиле од слобода Ј.М(31) од Скопје и С.К.(30) од Охрид.
Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С.(52) од Охрид и му одзеле пари и накит.
-В.М.(41) од Охрид успеала да го заштити А.К.С. и откако двајцата влегле во нејзиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што А.К.С. забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит, информираа од МВР.
Осомничените Ј.М. и С.К. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
