Клековски - ново проширување на позитивната листа со антикоагулантна терапија следниот период
Клексанот и фраксипаринот против згрутчување на крвта, кои од декември 2025 пациентите требаше да ги земаат со рецепт во аптека, 4 месеци се заглавени во административни процедури. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека проблемот е технички и набрзо ќе биде надминат. Во исто време најавуваат дека и друг антикоагулант следните месеци ќе се најде на позитивната листа а пристапот ќе им биде што повеќе современа терапија да им е достапна на граѓаните.
-Станува збор за лекови кои се покапи лекови и пациентите не ги купуваат зашто не можат да си ги дозволат. Сметаме дека со ставање на позитивната листа на посовремени лекови за кардиоваксуларни состојби, за бубрежни состојби поврзани со дијабет или без дијаберт, овозможиме една поголема група на граѓани ги користат и со тоа се одложат компликациите, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Додека чекаат нови лекови на позитивната листа, поголем број пациенти ја купуваат терапијата во соседните земји бидејќи е многу поевтина од македонскиот пазар. Најчести дестинации се Косово, Бугарија и Србија.
-Во основа јас стално изразувам резерва за цената на лековите во Косово бидејќи законската регулатива е поинаку поставена. И по самите опаковки ќе видите дека се продаваат во оригинали без соодветни регистрации. За Србија клучната разлика е што таму позитивната листа е многу поголема но и разликата во население, вели Клековски.
За вчерашното намалување на максималните цени на околу 300 лека од страна на Министерството за здравство, Клековски вели дека бенефит ќе имаат граѓани кои од свој џеб плаќаат за терапија која не е на позитивната листа, а од 1 мај ќе биде поефтина.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
