Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
Мелено говедско месо и ореви со сомнителен квалитет открила Агенцијата за храна и ветеринарство при обид за увоз во земјава.. Пратката од 27 тони мелено месо било откриено на граничниот премин Ќафасан.. Проверките откриле дека потекнува од Парагвај од објект без одобрување од АХВ заради неисполнување на основите безбедносни стандарди, но и сомнеж за здравствената исправност на месото..
Од Казахстан пак пристигнале 22 тони ореви кои според ветеринарните инспектори, имале отстапки во пропишаните критериуми за безбедност - биле и несоодветно означени.. Зарадите таквите недостатоци, целата пратка е вратена во земјата на потекло..
Од Агенцијата велат дека целта на засилените контроли при увозот е да се спречи влез на небезбедна храна во државата.. На граничните премини се прават физички прегледи, проверка на документацијата, се земаат и примероци од храната која се увезува..
„Контролата продолжува и во складот, односно, магацините каде што во моментот на истовар од страна на инспекторите се земаат примероци за лабораториско тестирање на храната. Се додека не се утврди безбедноста на храната, пратката останува во магацинот, односно останува во складот. Доколку се добие незадоволителен резултат, истата се уништува“, изјави Оливер Миланов, Директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Во изминатиот период, инспекторите на АХВ, ги посетиле и пазарите.. Се проверувало дали се продава роба со изминат рок..
„Во изминатиот период, вршени се контроли и на одредени пазари, при што доколку се најдат производи со изминат рок, производите се уништуваат, а за продавачот, односно операторот следува и глоба за пуштање во промет на небезбедна храна. Ги охрабруваме потрошувачите доколку забележат вакви небезбедни производи да пријават во АХВ“, изјави Миланов.
Агенцијата за храна и ветеринарство најавува продолжување на контролите при увоз на храна, бидејќи како што велат, здравјето на граѓаните е приоритет..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
