Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
Општина Кочани во 2012 година барала од Пазарниот инспекторат да не издава лиценца за дискотеката Пулс. Вака денеска сведочеше Драги Илијевски, кој работи како градежен инспектор во локалната самоуправа.
Одговарајќи на прашање на аобвинителот Илијевски раскажа дека на првообвинетиот Дејан Јовановски му било одобрено барање за паркинг простор за лесна индустрија, но го поништиле кога дознале дека на такво место ќе се гради дискотека.
„По одредени сознанија дека таму ќе се прави дискотека, ние решението за дозволените паркинзи за лесна индустрија го поништивме. Известувањето го доставивме до ‘Класик’ и до Дејан Јованов. Натаму, го известивме и Државниот пазарен инспекторат. Тогашниот градоначалник Ратко Димитровски имаше исти такви сознанија, па го праша Министерството за економија на 19.10.2012 година дали е поднесено барање за лиценца и дали е дадена лиценца за дискотека во тој објект. Одговор не добивме. На 6.11. Испратив барање до Пазарниот инспекторат да не се издаде лиценца на ‘Класик ДМ’ за дискотека”, кажа Драги Илијевски - Инспектор во О. Кочани.
Инспектори не биле пратени оти навидум не изгледало воопшто се гради. Одбраната на обвинетите реагираше дека одговорите на првиот сведок не биле целосни.
Инаку, Одбраната на обвинетите денеска се изјасни дека не го прифаќаат предлогот на Обвинителството некои од сведоците да бидат повлечени од постапката. Одбраната бараше половина од бројот кој го предлага обвинитрлството да бидат повикани да сведочат бидејќи токму тие можеле да посведочат дека дел од обвинетите спасувaле лица таа вечер.
„За Обвинителството не е спорно да се прочитаат сите искази кои потврдуваат дека сте спасувале отпосле, како што спасувале и други лица и пожарникари кои настрадале при спасувањето и сега се мртви. Тука сме за другиот дел – за вашата улога во тоа како настанала трагедијата, а не за спасувањетоʼʼ реплицираше вишиот обвинител.
Судењето продолжува на 2 април.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
