Преглед на вестите од светот
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека „разговорите продолжуваат“ меѓу САД и Иран и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака мир“, но доколку Иран не сфати дека е поразен, земјата ќе биде погодена со напади „посилно од кога било досега“.
-Претседателот Трамп не блефира и е подготвен да ослободи пекол. Иран не треба повторно да прави грешки во пресметките. Нивната последна грешка во пресметките ги чинеше нивното високо раководство, нивната морнарица, нивните воздухопловни сили и нивниот систем за воздушна одбрана. Секое насилство по оваа точка ќе биде затоа што иранскиот режим одби да разбере дека веќе е поразен и одбива да постигне договор.“
„Разговорите продолжуваат. Тие се продуктивни, како што рече претседателот во понеделник, и продолжуваат да бидат.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи истакна дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници не претставува директни преговори со САД.
„Сакаме војната да заврши, но под наши услови, на начин што ќе осигури дека нема да се повтори и дека нашите непријатели ќе научат лекција за да не помислат ниту повторно да го нападнат Иран. Второ, штетата што ја претрпе народот на Иран мора да се надомести.“
Тековната ситуација во Ормуската Теснина се покажа како „прилично голем предизвик“ за глобалната бродска индустрија, изјави Арсенио Домингез, генерален секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО) и потенцираше:
-Имаме 20.000 морнари заглавени и околу 2.000 бродови кои не можат да испловат. Инаку, Иран инсистира на целосна контрола врз пловидбата во Ормутскиот теснец со што портпаролот на иранските вооружени сили изјавил дека ситуацијата во протокот нема да се врати во претходната состојба, туку дека „сè што сакаме, ќе се случи“. На сите бродови поврзани со САД или Израел ќе им биде забранет преминот, рече портпаролот.
Американскиот претседател Трамп ќе отпатува во Пекинг на 14 и 15 мај, соопшти Белата куќа. Тој претходно требаше да отпатува за Кина меѓу 31 март и 2 април, пред војната на САД и Израел против Иран да ги попречи тие планови. Првичните планови вклучуваа средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за да се разговара за трговијата по интензивната војна со царини која деескалираше дури кон крајот на 2025 година.
Кина ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран и повика на дијалог меѓу завојуваните страни. Ова ќе биде прва посета на Трамп на Пекинг во неговиот втор претседателски мандат. Неговото последно патување во Кина беше во 2017 година.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
