Македонија
27. March 2026 - 16:29

Расте бројот на пациенти со меланом - најзагрозени на истокот од државата

Деца во пубертет и се помлади се меѓу новодијагностицирани со рак на кожа. Дерматолозите алармираат дека бројот на заболени со меланом е во пораст и посебно загрозени се жителите во Источниот регион на земјата. 

- За жал трендот е во пораст, не само на меланом туку и на други карциноми на кожа. Затоа што за создавање на карцином велиме дека е важна УВ километражата што во превод значи колку пациентот низ годините бил изложен на УВ зраци. За жал кај нас има доста, посебно во источниот дел на земјата каде работат земјоделие и секојдневно се изложени на УВ зраци па така добиваат меланом и други карциноми на кожа, изјави д-р Анџелка Илиева, специјалист дерматолог.

На клиниката за Онкологија лани имале 174 нови случаи со меланом а на терапија се повеќе од 500 пациенти. Лекарите апелираат на чести контроли кај дерматолог бидејќи пациентите на почетокот не можат да ги препознаат раните знаци на меланом, а новите лезии кои се создаваат личат на бемки.

-Се додека не добијат одредена инвазивност што веќе пациентот ја приметува и навистина е прекасно и кога доаѓа на преглед можеби за жал веќе има метастази во лимфни јазли или во подалечни органи, вели д-р Илиева. 

Во услови кога има зголемен број не само на пациенти со меланом туку и други малигни болести, од онколошките здруженија деновиве предупредија дека на Онкологија веќе недостасува дел од терапијата меѓу која и за рак на кожа а тендерот се уште не е распишан. 

За тоа се свесни и во министерството за здравство што особено тоа се случува истиот период како и лани и очекуваат проблемите да бидат надминати со ново предложено законско решение за лекови.

Инаку на клиниката за Онкологија лани имале 174 нови случаи со меланом а на терапија се повеќе од 500 пациенти.