Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот тој ова го објави на својата платформа. Неговата порака е дека Иран да го отвори Теснецот т.е. ако не го стори тоа нема да имаат никакви електрани и нема да имаат никакви мостови. Но, во телефонски интервју за американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина. Тој рече дека им дал амнестија на иранските преговарачи за да се осигури дека разговорите можат да продолжат. Вашингтон тврди дека е во контакт со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф.
Од Иран засега нема коментар за тврдењето на американскиот претседател дека „има добри шанси за договор“.
Русија се надева дека напорите за намалување на тензиите околу конфликтот во Иран ќе вродат со плод и оти САД ќе придонесат за тоа со „откажување од јазикот на ултиматуми и враќање на дијалогот“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Абас Арагчи, се повикува „да се избегнуваат активности, вклучително и во Советот за безбедност на ОН, што би можеле да ги поткопаат преостанатите шанси за напредок во политичките и дипломатските напори за решавање на кризата“. Лавров имаше телефонски разговор и со својот кинески колега Ванг Ји. Според соопштението од Пекинг. Разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и на Кина се одржа во пресрет на гласањето во Советот за безбедност на ОН следната недела за резолуцијата поднесена од Бахреин за заштита на цивилниот превоз во и околу Ормуската Теснина.
Од иранска страна стигна порака од Иранската Револуционерна Гарда:
„Ормутскиот теснец никогаш нема да се врати во својата поранешна состојба, особено за Америка и Израел. Морнарицата на ИРГК е во процес на завршување на оперативните подготовки за #Објавениот_план на иранските претставници за новиот поредок во Персискиот Залив.“
Податоците за сообраќајот на бродовите покажаа движења на бродови во близина на Ормускиот теснец од петок до недела. Танкер за нафта натоварен со ирачка сурова нафта беше виден како минува низ Ормускиот теснец близу до иранскиот брег, еден ден откако Иран изјави дека Ирак е ослободен од какви било ограничувања за транзит низ морски пат.
Три танкери управувани од Оман, еден контејнерски брод во француска сопственост и еден носач на гас во јапонска сопственост го преминаа Ормускиот теснец во четвртокот покажаа податоците за превозот, што ја одразува политиката на Иран да дозволи премин за бродови што ги смета за пријателски настроени.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
