Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред собраниската комисија за надворешна политика.
Следење на активностите за крај на војната ќе биде во фокус на идниот амбасадор во Украина, Димитар Блажевски, за кој пратениците беа согласни дека функцијата ја превзема во исклучително ризичен период.
Интензивирање на активностите за европска интеграција, зајакнување на политичките, но и на економските односи беа меѓу приоритетите и на Фадиљ Зендели кој заминува во Данска и на Веле Трпевски како иден амбасадор во Албанија.
По претставувањето на платформите пред собраниската комисија, претседателката Сиљановска во следиот период ќе треба и официјално да ги испрати тројцата кандидати во дипломатска мисија.
Презентација на програмите пред пратениците чекаат уште 10тина амбасадори кои ги предложи Владата, меѓу кои и екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани како нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО и Илина Мангова во Лондон.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
