Македонија
8. April 2026 - 16:32

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Главниот виновник според истражувачите се мобилните телефони. Дури 24% од осмоодделенците минуваат цел ден на социјалните мрежи, додека кај помалите, фрапантни 93% веќе се активни корисници на паметни уреди.

Во две урбани скопски општини, од можни 30 поени  учениците во просек освоиле едвај 9 до 12 бода. Истражувачите предупредуваат деја ова е сериозен аларм за образовниот систем.

За да се спречи овој негативен тренд, потребен е итен пресврт во начинот на кој учат. да се посвети повеќе време на ракописот а наставниците да ги поттикнуваат учениците на  критичко размислување. Од институтот потенцираат дека клучот за подобар успех е да се ограничи времето поминато на телефони и видео игри, заменувајќи го со спорт и активна комуникација на часовите.