Македонија
15. April 2026 - 16:44
Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
Премиерот има чувство дека наскоро поранешни премиери и високи функционери од опозицијата ќе бидат цел на одредени прогони.
Реакцијата на премиерот следи по тридневното славје во СДСМ по поразот на Орбан на изборите во Унгарија. Мицкоски ја праша опозицијата зошто не го повика екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски да се врати во Македонија и да се соочи со правдата.
Од СДСМ и денеска констатираат дека промената на власта во Унгарија предизвикала паника во ВМРО-ДПМНЕ.
Жерновски констатираше дека поразот на Орбан бил историска победа на демократија на авторитзризмот и на Европа над корупцијата коментирајќи дека сличен избор ќе имале и македонските граѓани на следните избори.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
