Македонија
18. April 2026 - 16:41

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард

Животот станува се поскап, граѓаните осиромашуваат а владата не презема ништо, обвинува опозициската СДСМ на прес конференција утрово. 

Сите негативни рекорди во економијата доаѓаат во време кога СДСМ бил на власт во Македонија, врати владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната стапка на инфлација во март достигна 4,9%. За еден месец, трошоците за живот скокнале за 0,7%.