Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
Пукање од огнено оружје ја прекина традиционалната вечера на дописниците во Белата куќа на која присуствуаше и американскиот претседател Трамп со неговата сопруга.. Инцидентот се случил во хотелот каде се одржувал нстанот, пред самиот влез во салата каде биле собрани гостите. Според безбедносните служби, вооружениот напаѓач е 31 годишниот Кол Томас Ален кој отворил оган на контролниот пункт на тајната служба пред салата во која се наоѓал Трамп..
Веднаш по истрелите, реагирало обезбедувањето и го евакуирало претседателот.
„Гледав да видам што се случува, веројатно требаше да слезам уште побрзо. Меланија беше многу свесна. Мислам дека веднаш знаеше што се случи. Велеше, тоа е лош шум и бевме однесени заедно со други луѓе, буквално бевме однесени. Мислам дека беше човек кој изгледаше доста злобен кога беше тажен, го држеа тажен, се бореше жестоко, според мене беше болен човек. Кој би го направил тоа ако не болен човек?“
Според снимките од безбедносните камери, напаѓачот трчајќи се доближува до местото каде се наоѓало обезбедувањето, истовремено и пука кон нив.. За кратко полицијата го совладала вооружениот маж.
Мотивот за нападот, е засега непознат.. Според Трамп, напаѓачот, можно е да имал намера лично да го нападне. Американскиот претседател ја исклучи можноста инцидентот да е поврзан со војната во Иран.
Напаѓачот кој бил регистриран гостин во хотелот, со себе носел повеќе видови на огнено оружје. Од истрелите бил ранет еден агент на Тајната служба кој преживеал благодарение на панцирот..
едно лице извршило напад на контролниот пункт на Тајната служба на САД тука во лобито на хотелот. Тој бил вооружен со пушка, пиштол и повеќе ножеви. Додека трчал низ тој контролен пункт, припадници на полицијата од Тајната служба на Соединетите Американски Држави го пресретнале тоа лице.“ ЏЕФЕРИ В. КЕРОЛ, полициски началник
Осомничениот напаѓач, утре ќе биде изведен пред суд со обвинение за употреба на огнено оружје и напад врз федеррален службеник со опасно оружје. Надлежните не ја исклучуваат можноста и за дополнителни обвиненија.
Присутните гости новинари велат дека по истрелите, дел од луѓето се сокриле под масите, додека други се обидувале да ја напуштат салата.. Пукањето на вечерата на Трамп со новинарите го осудија светските лидери, британскиот премиер, францускиот претседател, израелскиот премиер, претседателката на европската комисија..
Во изминатите две години, ова е четврти вооружен инцидент во близина на американскиот претседател Трамп..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
