Сали: Интензивно работиме на реформите
Нема застој во реформската агенда тврди Владата по серијата предупредувања од Брисел дека пред крајот на последниот рок големи се шансите земјава да изгуби дел од средства од Планот за раст.
За ризикот да останеме без пари предупреди и евроамбасадорот во земјава додавајќи дека сведочи на големи напори од страна на владата да ги реализира реформите
Известувачот на европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, предупреди дека во последната година не гледа напредок ниту реформи, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и независноста на судството.
Опозицијата смета дека владата свесно не ги исполнува реформите за да ги блокира интеграциите.
Извештајот за Реформската агенда се очекува до крајот на неделава да пристигне во земјава. Вицепремиерот Сали очекува позитивна оценка бидејќи како што рече, најголемиот дел од реформските чекори се веќе препознаени од Брисел.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
