Македонија
13. May 2026 - 16:37

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица

Екс министерот за земјоделство од СДСМ Љупчо Николовски бил повикан во полициска станица по наредба на јавен обвинител.

„Лицето за кое прашувате на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје - Единица за економски криминал и корупција.Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста. “

Според пријавата Николовски е под сомнение за незаконска распределба на повеќе од 800 000 евра за поддршка на мали винарии. Се работи за повик кој бил распишан во 2023 а средствата биле исплаќани без законска основа. Покрај Николовски, по наредба на јавен обвинител изминатите денови биле повикани и двајца порано вработени во министерството кои членувале во комисиите кои одлучувале за распределба на средствата. 

Поранешниот министер демантира дека се работи за прекршување на процедури за јавни набавки. Николовски за случајот вели дека е измислен и бил обид за дискредитсција на една од најуспешните реформи кои донеле видливи резултати во македонското агро производство. Според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали.

До Министерството за земјоделство е испратено и барање за прибирање дополнителна документација.