ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
Јавниот обвинител не може да спречи некого да му се јави телефонски. Јавното обвинителство во писмена реакција вели дека вчера за првпат воопшто телефонски се слушнле премиерот Христијан Мицкоски и Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески. Но, како што велат оттаму, во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет.
-На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите - дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување, вели Савески.
Од јавното обвинителство велат дека во случајот за мазутот, предметниот јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучува самостојно
-Согласно чл.3 од Законот за јавното обвинителство, обвинителството се организира според принципите на хиерархија и субординација, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата. Уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство се обврзани да ја почитуваат сите, велат оттаму.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека вчера телефонски разговарал со Савески за преметот со мазутот во ХЕЦ Неготино, што предизвика остра реакција од опозицијата. СДСМ побара оставка од Савески бидејќи според нив, Мицкоски му давал наредби на Републичкиот јавен обвинител.
-Што е ова? Чиста наредба. Како што правеше од собраниска говорница, како што прави од телевизија, сега повторно, нова наредба на Мицкоски за јавниот обвинител кој самиот го избра и го постави.Секој што се огрешил нека одговара, но не може премиерот да врши притисок врз обвинителот, односно да му наредува, вели Александар Саша Димитриејиќ – генерален секретар на СДСМ.
Савески беше избран за републички јавен обвинител во март годинава откако откако претходно, поранешниот обвинител Љупчо Коцевски пред да почне расправата во Собранието за негово разрешување, си поднесе оставка.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
