Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
Цените засега стабилни, а кај овошјето и зеленчукот регистриран пад. Зголемување има само кај одредени увозни производи, но трговците ги намалиле маржите, па затоа нема основ да се носат мерки, смета министерот за економија Дурмиши. Државниот Пазарен инспекторат во моментов ги контролира маркетите и ако се утврди зголемување на маржите – владата ќе интервенира.
-Немаме основа по која би постапиле. Ќе ја анализираме ситуацијата до крајот на месецов. Може да го намалиме ДДВ за прехранбените производи. Како што реагиравме во делот на горивата, така може да реагираме и во овој сегмент. Нашите контроли се вршат врз маржите што ги ставаат производителите, трговците и дистрибутерите. Ако видиме дека во вакви услови на криза и неизвесност, се однесуваат девијантно и ги зголемуваат маржите, ќе реагираме со соодветни мерки, како што реагиравме минатиот пат, со административните мерки кои ни се на располагање, истакна министерот, додавајќи дека ДПИ на 20 мај ќе ја достави информацијата од надзорите до Министерството., изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.
Инфлацијата не треба да не загрижува, смета Дурмиши, затоа што во соседство, па дури и во европските земји трошоците за живот биле повисоки. Засега добро се справуваме со последиците од војната на Блискиот Исток, особено во делот на горива. Ако растот на цените продолжи, не се исклучува интервенција и во делот на храната, додава Дурмиши.
Статистичките бројки пак, покажуваат зголемување на трошоците за живот од 5,7 отсто во април, додека храната се продава поскапо за 8% во однос на истиот период лани. Во однос пак на преткодниот месец, регистриран е раст на цените од 0,7 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
