Македонија
15. May 2026 - 16:32

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни

Од почетокот на годинава регистрирани се 41 пријава за насилство во училиштата. Речиси сите се од загрижени родители, само две се поднесени од ученици што укажува на страв и молк од жртвите на врсничкото насилство. Последниот сериозен инцидент во Ченто во кој ученик беше тешко повреден со нож во училишниот тоалет, ги поттикна институциите данаправат и законски измени со кои ќе се превенира насилството.

Предлог текстот е во собраниска процедура а МОН предвидува казни за родителите од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето.

Паралелно со законските измени, на терен се активира и полицијата. Министерот за внатрешни работи посочува дека во координација со МОНвеќе се спроведуваат превентивни прегледи за да се спречи внесување на мало и лесно оружје меѓу учениците. Под лупа на полицијата се и агенциите кои се ангажирани да ги обезбедуваат образовните установи.

СДСМ побара одговорност од Весна Јаневска и директорите, вондреден испекциски надзор и излезе со 10 итни мерки за системско подобрување на безбедноста на учениците.

Изминатиов период серија случаи на врсничко насилство ја разбрануваа јавноста. Билтенот на МВР речиси секојдневно бележи ваков тип насилство, последно регистриран е напад на малолетник пред основно училиште во Студеничани, инцидент во кои насилниците се малолетници а освен што тепале 14 годишното момче, го снимале и го објавиле на социјални мрежи.

За ваков вид насилство кое се случи во скопски Ѓорче Петров, родителите на насилниците се гонат кривично а мерки добија и малолетните насилнички.