ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
Владејчката ВМРО-ДПМНЕ и денеска бара Советот на јавни обвинители да го провери работењето на обвинителството за организиран криминал по одлуката да се откаже од случајот Мазут. Од партијата се сомневаат на политичко влијание врз обвинителите кои според партијата премижале на доказите и ги ослободиле осомничените
Вчера и државната ЕСМ го обвини обвинтиелството дека ги искривило изјавите на инженерите кои компанијата ги овластила да информираат за техничките аспекти на набавката и употребата на мазутот. Според ЕСМ, овие инженери не биле компетентни ниту овластени за да констатираат дали врз компанијата била нанесена финансиска штета а токму отсуството на ваква штета за обвинтиелството беше главниот мотив да се откаже од кривичното гонење. Од ЕСМ најавија приговор до вишото обвинителство и барање за контрола од републичкото.
По едногодишна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата против 13 лица за изигрување на тендерските постапки при набавка на мазут вредна над 167 милиони евра. Меѓу нив беше екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој се уште е во бегство и се бара и за друго дело, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, син на пратеник на ДУИ.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
