Македонија
20. May 2026 - 16:41

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ

Власта и опозицијата ги спротивставија ставовите околу уставните измени и на конференцијата по повод денот на Европа. 

Според опозицискиот лидер, патот кон ЕУ е јасен, а  уставните измени не се никаква закана за идентитетот, додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека без јасни гаранции дека нема да се наметнуваат нови барања, власта нема да ги внесе Бугарите во Уставот.

Времето тече, а младите масовно се иселуваат беше пораката и на спикерот Гаши, кој повика да се изнајде решение за одблокирање на европскиот пат.

Македонија мора да го искористи позитивниот момент кој владее во Унијата за проширувањето, порачаа и германската амбасадорка и од делегацијата на ЕУ. На овој пат, уставните измени и реформската агенда остануваат главни обврски.

Конференцијата за одбележување на денот на Европа ја организираа Европското движење и Фондацијата Конрад Аденауер, а годинава наградата за европска личност на годината му беше доделана на доктор Сашко Кедев, за неогвиот  придонес во медицината, образованието и меѓународната афирмација на државата.