Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
Во пресрет на летната сезона охридската противпожарна служба подготвена да одговори на потребите на граѓаните но недостигаат возила и кадар. После 25 години набавени се нови интервентни униформи за сите пожарникари со што безбедноста е на едно повисоко ниво. Возниот парк брои 9 возила од кои оперативни се 6 но според заменик командирот Кузмановски неопходна е набавка на нови возила.
Противпожарната единица брои 40 пожарникари, доволна бројка за Охрид, но бидејќи ја покриваат и општина Дебрца се соочуваат со дефицит на кадар за кој има интерес.
Најчестите интервенции на терен се од отворен простор и шумските пожари. Пожарникарите со апел до сите граѓани за внимателно и одговорно однесување. Пожарите на отворено, палењето стрништа, невнимателното фрлање отпушоци и несовесното однесување можат да предизвикаат сериозни последици по природата, имотот и човечките животи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
