Македонија
22. May 2026 - 12:32

Академик Стојков, вистината против пропагандата

Огромна е разликата помеѓу чувствата на обичниот граѓанин во Пиринскиот дел на Македонија и официјалната бугарска политика, тврди академик Стојко Стојков. Тоа е место каде може „во живо“ да се набљудува преплетувањето на различни пропаганди и идеологиии и како традицијата се адаптира на ново настанатите состојби.

-Има секакви определби после толку години на асимилација и на национален инжинеринг што се прави таму, меѓутоа се уште има голем број луѓе кои имаат македонска самосвест, кои не ги прифаќаат официјалните наративи, па дури и тие што ги прифаќаат, тоа го чинат на еден специфичен начин, прекршени преку македонското наследство и се гледаат како нешто различно од она што официјално се промовира, изјави Стојко Стојков, академик.

Единственото наше „оружје“ против пропагандата е вистината, меѓутоа македонската историографија беше недоволно поттикнувана и подржувана за работа на ова поле, што не е случај со јазикот, смета Стојков.

-Видете ја разликата со македоснкиот јазик, бидејќи нашите колеги македонисти не беа „зауздувани“,  работеа слободно и во тоа се инвестирање и тоа што го гледаме денеска е дека, без разлика на сите обиди на Р. Бугарија да го негира македонскиот јазик не успева. Затоа што македонската страна си ја завршила работата и овие негации не можат да успеат, додаде Стројков.

Академик Стојков на ФОН при УГД ја промовираше својата најнова книга „Многуимените други – Македонија пресечна точка на Другоста на средновековниот Балкан“, во која се елаборираат средновековните текстови каде Mакедонците се прикажани како различни и поинакви од останатите балкански народи.