Македонија
23. May 2026 - 16:27

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено

Археолошкиот локалитет Манчевци идна охридска атракција.Овој локалитет во стариот дел на градот каде се наоѓа ранохристијанска базилика со вредни мозаични површини и новите откритија  ќе прерасне во музеј на отворено кој ќе привлекува посетители.

За локалитетот кој се истражува од 2007 година а кој сега се соочува со сериозни последици од оштетување министерството за култура одвои средства за археолошки доистражувања .

Во тек е изработка на проектот со кој ќе се обезбеди едно премостување на двата дела од локалитетот Манчевци кој се наоѓа во близина на катедралната црква Света Софија 

со што ќе се формира една целина на ова културно богато наследство.