Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
Само една вечер со минусна темепратура беше доволна да ја запечати судбината на годинашната реколта од овошните насади во Лакавичката котлина. Овоштарите велат дека мразот за само една ноќ избришал месеци труд, инвестиции и надеж за добра сезона. Температурата се спушти во најчувствителниот период, кога овошките беа во цвет или се формираа плодовите. Во Лакавичката котлина, која важи за еден од позначајните овоштарски региони, производителите сега стравуваат дека оваа година ќе останат со значително намален принос, а некои и без род.
- Многу штета, на ниедна овошка нема ништо кај нас, значи, тотално 100% е уништено. Имаме јаболка, слива, ктуп, вишна, јапонско јаболо, праски, сите овошки ги имаме. Ама, на ниту една нема ништо, 100 %. Тоа фати за една ноќ и толку, отиде се, изјави овоштар од село Лакавица.
Во котлините се јавува темепратурна инверзија и затоа овошните насади во овие реони најповеќе страдаат. На повисоките места, на работ од котлината род ќе има.
- На повисокото стои се. Само котлината ја фати. Инаку селата Љуботен, Селце, Пухче, Лесковица, тие имаат, додаде овоштарот
Овоштарите од лакавица нема да бараат обештетување, зашто најчесто се постари лица на кои ова им е додатен приход. За разлика од нив, сливарите од Малешево и Пијанец кои претрпеа огромни штети од пролетните ниски темепратури на почетокот на месецот , ќе баараат да бидат обештетени, зашто тоа им е единствениот извор за егзистенција.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
