Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
Претпладне сончево со летни температури, а во среда и четврток попладне невреме со дожд, на места и град, засилен ветер и чести електрични празнења најави УХМР. Поизразено нестабилно време ќе имаме задутре.
- Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, изјави Марија Цветковска Атанасова, дежурен синоптичар во УХМР.
Најпогодени од високите темтератури и наглите временски промени се хронично болните.
- Имајки го во предвид фактот дека надвор имамме доста високи температури кои надминуваат и 30 степени, тоа најмногу влијае на хронично болните, пред се на лицата со висок крвен притисок, бидејќи 3 дена имаме екстремно топло време, па потоа пад на температурата, изјави д-р сци. Драган Ѓорѓиевски – специјалист по семејна медицинa.
Екстремно високи мајски температури деновиве се регистрирани и низ Европа, а во Фаранција 7 лица починаа како резултат на топлотниот бран.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
