Македонија
26. May 2026 - 16:32

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов

Највисоки казни и барање за одземање на лиценци по свлечиштето на булеварот „Теодосиј Гологанов“. Инспекциските служби во вонредниот надзор констатирле сериозни неправилности на градилиштето, како и свлечиште на земјиштето кое предизвикало оштетување на коловозот, тротоарите, канализационата мрежа и уличното осветлување.

Инспекциските служби утврдија дека постои свлечиште на земјиштето, по што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции согласно Законот за комунални дејности, поради непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. Дополнително, од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, а Општина Центар ќе побара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот поради несоодветно и несовесно постапување, согласно законските прописи, велат од Општина Центар. 

Дополнуваат дека случајот ќе следуваат и соодветни пријави и постапки пред сите надлежни институции.

Во вчерашниот инцидент за влакно е спасен животот на возачот на багерот. Додека работникот вршел ископ на дупка за изградба на зграда, настанало свлечиштето. Багерот бил затрупан, а лицето кое го управувало навреме излегло. 

Жителите на овој дел од Скопје се видно вознемирени.

Денеска локацијата е обезбедена со сигурносни ленти и заштитни знаци. Побарана е и стручна експертиза од професори на градежен за проценка на ризиците и направените штети. 

Како резултат на свлечиштето уништени се тротоарот, коловозот, падната е и бандера. Надлежните екипи работат на расчистување на теренот. 

Експертите велат дека свлечитшето е резултат на непочитување на стандардите, законите, и позитивните прарктики од инженерството. 

Ова не е единствениот случај од ваков тип. Пред нешто повеќе од месец еден градежен работник загина, а тројца други беа повредени откако беа затрупани од голем насип со земја во Кисела Вода. Надлежните утврдија дека на самото место немало соодтвена заштита од лизгање на земјиштето. 

Синдикатот на градежници побара итни инспекциски надзори за да се спречат вакви трагедии.