Македонија
26. May 2026 - 16:33

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Хрватска, регионалната стабилност,  ,економските односи ,инвестициите ,инфраструктурното поврзување енергетиката ,европската перспектива како и глобалните случувања кои влијаат врз целиот европски простор и заедничките предизвици, се главните  теми денеска во Охрид на средбата меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Мицкоски изрази задоволство од средбата, и рече дека таа е потврда на добрите односи и пријателство помеѓу Македонија и Хрватска.

Премиерот на Хрватска Пленковиќ истакна дека потпишувањето на меморандумот  во енергетскиот сектор претствува рамка за унапредување на соработката и најави продолжување на инвестициите .

Посетата беше оценета како силен сигнал за продлабочување на економските односи и отворање нови можности за  регионалерн развој  и соработка.