Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
Стратешкиот договор кој денеска го потпишаа премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ потенцијално би можел да ја зголеми трговската размена меѓу двете држави за околу 100 милиони долари. Во делегацијата дел биле и бројни претставници на најголемите компании во Хрватска. Вицепремиерот Николоски вели, хрватски компании сакаат да инвестираат тука, но и македонски таму.
Загреб ѝ се најде на Македонија во поглед на професионалните транспортери. Со долгорочните визи тие ќе имаат можност да ги заобиколат строгите правила на Европска Унија.
Од овој стратешки договор може економската соработка би можела само да се продлабочи, смета поранешниот амбасдор Васко Наумовски
Според кажаното на заедничката прес-конференција на двајцата премиери - соработката меѓу Скопје и Загреб ќе биде во повеќе сектори
Македонија во изминатите две години освен овој со Хрватска потпиша Стратешки договори и со Велика Британија, Соединетие Американски Држави, Турција и Унгарија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
