Отворени врати за идните средношколци
Во пресрет на уписите во средно образование, сите штипки средни училишта организираа отворен ден за идните средношколци. Деветтоодделенците имаа можност одблиску да се запознаат со условите и,образовните профили што им се нудат. Преку презентации, разговори со професорите и учениците, идните средношколци добија појасна слика за тоа какви знаења и вештини можат да стекнат, но и какви можности им се отвораат по завршувањето на образованието.
- Во рамки на трите наши струки, машниство, електротехника и угостителство и туризам, нудиме 11 профили кои на учениците им овозможуваат да се стекнат со квалитетна настава. Теоретската настава се изведува во современи опремени кабинети, а практичната во компаниите. Имаме склучено повеќе меморандуми, каде учениците стекнуваат квалитетна практична настава, изјави Јованка Шалева, директорка на средно електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“- Штип.
- Запишуваме од профилот медицинска сестра, забен, физиотерапевтски, фарамацевтски техничар. Како и лани, кога за прв пат го воведовме секторот лични услуги и оваа година запишуваме техничар за козметичка нега и убавина, изјави Марија Николиќ, директорка не средното медицинско училиште „Јане Сандански“- Штип.
- Сите идни средношколци да го посетат нашиот штанд, со себе да ја понесат модата, креативноста и дизајнот, доколку сакаат и се пронаоѓаат како идни модни дизајнери кои ќе ја креираат македонската мода, изјави Марина Варадиновска, директорка на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“- Штип.
Најголем интерес традиционално имаше за струките што нудат практична настава и директна поврзаност со пазарот на труд, но внимание привлекоа и гимназиските програми.
- Во трета и четврта година учениците по сопствена желба избораат пакети, кои ќе им дадат едно широко образование. Со финализрањето на средното образование и полагањето на државна матура, учениците од Гимназијата може да се запишат на сите факултети, буквално им се отворени вратите на сите високо образовни институции во земајата и странство, изјави Весна Ристова, директорка на гимназија „Славчо Стојменски“- Штип.
Ваквите настани се важни бидејќи им помагаат на учениците полесно да ја донесат една од првите важни одлуки во своето образование.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
