Македонија
2. јуни 2026 - 11:21

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда

Планот за раст и Реформската агенда ќе бидат во фокусот на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Орхан Муртезани за Сител вели дека Македонија и во следниот извештаен период ќе остане лидер во Западен Балкан според спроведените реформи.

Сепак, посочува дека остануваат предизвици кои треба да се надминат, пред сè во делот на системските слабости и институционалната ефикасност.