Македонија
2. јуни 2026 - 16:33

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет

Артим Ислами и Феузи Џафери се двајцата кандидати во трка за испразнетото место во Судскиот совет. Собраниската комисија за избори и именувања на денешната седница ја утврди листата со овие двајца кандидати, а кој од нив ќе седне во телото кое унапредува и разрешува судии, ќе одлучат пратениците на пленарна седница.

Ислами е адвокат, исто како и Џафери, но тој, претходно работел и во кабинетот на поранешниот министер за образование Сулејман Рушити. Листата со кандидати ја објави пратеникот од ВРЕДИ, Беким Ќоку, но, тој одби да одговори на прашањето од опозицијата кои двајца кандидати ги предложил на претходниот оглас кој беше поништен.

Во своето претставување пред десетина дена, Ислами и Џафери негираа поврзаност со политички партии. Говореа дека ќе работат законски и нема да се подложни на влијанија.

Тековниот избор се спроведува по третпат. Во првиот обид беше предложен полициски инспектор, потоа, еден од кандидатите сокрил дека е разрешен судија.

Изборот за член на Судски се спроведува откако истече мандатот на Селим Адеми, а местото е резервирано за немнозинските заедници кои се над 20 проценти во државата.