Македонија
5. јуни 2026 - 16:34

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“

Снимки од безбедносни камери и внатрешноста на дискотеката „Пулс“ беа презентирани денеска на судењето за 13мина полицајци обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Според обвинителството, полицијата пристигнала во 2 часот и 22 минути, а по десет минути била активирана пиротехниката што го предизвика пожарот. Обвинетите полицајци кои негираат вина, тврдат дека МВР била единствена институција која постапувала во ПУЛС – контролата од 16 март требала да пронајде малолетници и дрога во објектот.

„Со самото присуство на полициските службеници таа ноќ, беа спасени голем број на човечки животи со самото тоа што беа директно вадени од дискотеката. Исто така, од страна н полициските службеници беше овозможен непречен пристап и постапување на другите надлежни институции како противпожарната служба и итната медицинска помош. Дали денес, ние сме обвинети и се наоѓаме на обвинителна клупа затоа што таа кобна ноќ бевме на работа, а не дома?“, изјави Марија Маневска ВД Началник на ОВР Кочани.

Обвинителството презентираше телефонска комуникација меѓу обвинетите, а пред судот ги изнесе и обдукциските наоди за причините поради кои настапила смрт кај починатите. Најголем дел загинале од труење со јаглерод моноксид, други пак поради недостиг од воздух и кислород. Снимките, според обвинителство го покажувале постапувањето на полицајците.

„Видео снимкио кои потекнуваат од критичната вечер во одреден временски период со цел да се создаде слика каква била состојбата пред настанот, моментот на влегување на полициските службеници. Денес, фокус беше ставен и на изведување на доказите кои што се однесуваат на конкрентите последици кои се смртни кај поголем дел на лицата“, изјави Спасенка Андонова, Јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

13 полицајци седат на обвинителна клупа бидејќи, како што тврди обвинителството не презеле мерки за да спречат активирање на пиротехниката во Пулс.

Судењето со распит на сведоци, продолжува идниот месец.