ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
111-те илјади денари биле првите, од илјадниците евра кои eкс директор на Царината, Стефан Богоев, требало да ги добие како награда зa тендерoт за кој е осомничен дека го наместил, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Петрушевски вели дека првичната сума од околу 1.800 евра е само десет проценти од вкупниот износ што Богоев требало да го инкасира. Додека обвинувањата во јавноста не стигнуваат, медиумите пренесувуаат дека одбраната на Богоев веќе понудила гаранција од 60.000 евра за тој да се брани од слобода.
Во поднесената жалба за 30-дневниот притвор којшто го доби од судија на претходна постапка, адвокатите ги оспоруваат основите поради кои му била одредена оваа мерка, тврдејќи дека не постои опасност од бегство ниту, пак, можност за влијание врз сведоци.
Од Кривичниот суд за Сител потврдија дeка жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење.
-По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучување – посочуваат од Кривичен.
Стефан Богоев, заедно со уште три лица, е осомничен за местење тендер за чистење на граничните премини и терминали, тежок 300.000 евра, но и примање поткуп од 1.800 евра. Заедно со уште три лица добија 30-дневен притвор и на товар им се ставаат повеќе кривични дела за злоупотреба на постапка на јавен повик, доделување на договор, како и примање и добивање награда.
