Македонија
7. јуни 2026 - 16:35

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања до СДСМ и Венко Филипче околу темата за уставните измени.

Од партијата велат дека и покрај позитивните оценки од европски претставници за реформите и европскиот пат на земјава, само Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев, односно новиот бугарски премиер, како што тврдат остануваат на иста линија со барањето за уставни измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ наместо да застане зад македонските интереси, со своите позивии ја отежнува работата на Владата.