Македонија
8. јуни 2026 - 16:35

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците

Законското решение за соодветна и правична застапеност во среда ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во прво читање. По бројните реакции од албанската опозиција за начинот како ќе се одлучува по законот, тој сепак ќе се носи во постапка со „Мал бадендер“, односно со гласовите на мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници.

По најавите за блокада од опозицијата, собранискиот спикер Гаши вели дека ова е единствениот начин да се дојде до квалитетен закон. Ги повика сите на конструктивност. 

За владејачката ВРЕДИ кој сметаат дека ваквата постапка е правилна, подготвениот закон отвора пат за унапредување и за поголемо учество во одлучувањето, а вработувањето ќе се заснова на резултатите од последниот попис.

ДУИ жестоко се спротивстави на расправата во надлежните комисиски тела, барајќи за законот клучни да бидат гласовите на мнозинството пратеници дел од немнозинските заедници, а не само од присутните. 

Новото законското решение за правична застапеност кое го предлага владата доаѓа откако Уставниот суд ја укина алатката балансер. Целта е да се воспостават јасни правила и механизми за еднаков пристап до вработување на припадниците на сите заедници во земјата.