Македонија
10. јуни 2026 - 16:49

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието

Неисплатени субвенции, помалку пари државна помош за тутунарите, за млекопроизводителите, неутврдени цени пред стартот на жетвата, поништени повици за доделување трактори и земјоделска механизација, прераспределени и суспендирани професионалци. Изгубени, и вратени во Унијата скоро половина милијарда евра, пари од ИПАРД програмата.

Ова се само дел од аргументите на СДСМ, кои поднесоа интерпелација за министерот за земјоделие Трипуновски.

-Колабиран и хаотичен систем, со огромни долгови, неиспалени субвенции и неисплетени плати по 4,5 месеци за вработените во Македонски Шуми и Водостапанство е тоа што го оставивте вие, реплицираше министерот Трипуноски.

-Земјодлеците никогаш не биле во полоша состојба. Бараат средба со премиерот, бидејќи веќе не му веруваат на министерот, велат од СДСМ.

Цветан Трипуновски раководи со министерството за земјоделие изминативе две години, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Претходно во два наврати беше советник во ова министерство.