Македонија
11. јуни 2026 - 12:13

Пламен и ветер создадоа драма над Штип

Голем пожар избувна вчера доцна попладне над градот Штип. Видливи беа високи огнени јазици кои голтаа сува трева и грмушки. На терен веднаш излегоа екипите на противпожарната единица, но поради неприсапноста на теренот и силниот ветер огнот продолжи да се шири. Заради серизноста на ситуацијата, но и да го смири месното население, градоначалникот доцна синоќа одржа вонредна прес конференција на лице место.  

- Нема простор за паника, затоа што мобилизирани сме максимално, искомунициравме со ЦУК, со Дирекцијата за заштита и спасување, со другите територијални противпожани единици, кои се во непосредна близина на Штип. Очекуваме во текот на ноќта да пристигнат и тие и практично да се направи заштитен обрач, за да не се прошири огнот и да зафати куќи и имот во близина на местото каде што се наоѓаме, односно, на околните ридови на неколку населби во нашиот гтрад, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во текот на ноќта пристигнаа и пожарникари од Кавадарци и Свети Николе, по што пламените јазици поолека се ставаа под контрола.

- Беше страшно, имаше навистина огнени стихии, но сега е веќе под контрола и се надеваме дека преку ноќта ќе се смири комплетно. На терен сме со 4 наши возила, 3 АТВ и 12 луѓе, изјави Зоран Младеновски, припадник на ДПД- Штип.

Во гаснењето на пожарот се вклучи и локалното население. Според првичните информации од терен, причинител е удар на грам, по силното невреме кое попладнето го зафати регионот.