Македонија
13. јуни 2026 - 16:26

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга

Велосипедистите бараа  велосипедско поврзување меѓу Охрид и Струга но и патеки кон населбата Свети Стефан и Пештани. На денешната јубилејната Ипа велосипедска тура од Охрид до Радожда тие испратија порака за посериозно вложување во изградба на функционална и безбедна велосипедска инфраструктура во регионот.

Велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот. Особено стариот пат Охрид-Струга  е небезбеден каде за  жал изминатите години имало сообраќајни несреќи со жртви.

Токму затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста.

Организаторите на  10-та по ред, меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура на релација Охрид – Струга – Радожда.истакнаа да ваквите иницијативи имаат големо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во охридско-струшкиот регион, со што се придонесува за негово позиционирање на меѓународната туристичка мапа.