Македонија
16. јуни 2026 - 12:34

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро

Трагедија во Струга.20 годишно момче од Октиси се удави во водите на Охридското Езеро, во близина на „Машка плажа“ .Неофицијално како што дознаваме момчето било на педалинка со своите другари но кои се  причините за смртта сеуште не се знае.Од охридската полиција го потврдија случајот. Телото било забележано во езерото, а по неговото извлекување било пренесено на понатамошна проверка.

(На 15.06.2026 година, во ОВР Струга е пријавено дека, на струшкото крајбрежје од водите Охридското езеро кај „Машка плажа“, било забележано безживотно машко тело кое веднаш, било пренесено во Општата болница во Струга. Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси.) велат од СВР Охрид.

Од полицијата информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на околностите поврзани со настанот.