Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
Расте бројот на сомнителни на западно-нилска треска хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Уште тројца скопјани со воспаление на мозок изминатото деноноќие завршиле на болничко лекување и за нив лекарите чекаат лабораториски анализи дали станува збор за вест најл вирусот.
-Сите тројца се суспектни на вест најл вирусната инфекција. Тројцата се од Скопје, кај сите епидемиолошката анкета е негативна, не патувале надвор од државата. Тројцата се на возраст 64, 69 и 73 години, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.
На инфективна со лабораториска потврда за западно-нилска треска има 10 пациенти од кои тројца се на респиратор како и шестмина кои се со воспаление на мозокот и мозочните обвивки и се сомнителни за вест најл вирусот.
-Тие тројца што се на одделот за интензивно лекување се критични, нема некое подобрување, интубирани се и на механичка вентилација. Останатите потврдени случаи се во стабилна состојба и на одделот за невроинфекции, изјави д-р Цана.
Во соопштението од министерсвото за здравство за епидемиолошката состојба е наведено дека нема нови потврдени случаи, но во координација со Институтот за јавно здравјер и други надлежни институции велат дека внимателно ја следат состојбата.
Годинава се регистрирани најголем број на случаи на западно=нилска треска, а освен ова вектор пренослива болест, има и 8 случаи на маларија, денга и зика.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
