Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга.
Освен пожарникарите од Прилеп и локалното население, на терен е и тимот за брза интервенција на ДЗС и припадниците на доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Дополнително ќе биде утврдено како ќе се гаси пожарот бидејќи се шири во три различни правци надвор од селото.
- Денеска околу 13:30 часот прилепските пожарникари добиле повик дека настанал пожар на отворен простор во близина на селото Чаниште, одалечено околу 35 километри од Прилеп, со доста лош пат полн со кривини поради што е потребно еден час да се стигне во селото. Пожарникарите веднаш тргнале кон селото, но во моментот кога навлегле во селото пожарот почнал да навлегува меѓу првите куќи. Пожарот навлегол во селото од различни правци што значи дека најверојатно е подметнат бидејќи линијата на огнот била доста долга - изјави Ангелов.
Од оние информции со кои располага, рече дека од огнот има зафатено неколку стари и напуштени куќи и оти можно е да е зафатена и една куќа во којашто живеат возрасни луѓе. Добро е тоа што нема повредени жители и пожарникари.
- По добивањето на информацијата итно го упатив тимот за брз одговор на ДЗС, дваесетина доброволци од Противпожарното друштво Архамгел во Битола. Веќе се наоѓаат во селото и помагаат за спречување на ширење на пожарот - рече Ангелов.
Дополнително ќе биде утврдено како ќе се гаси пожарот бидејќи се шири во три различни правци надвор од селото.
Ангелов уште еднаш апелира дека доволна е само искра да настане катастрофа и замолува граѓаните да го пријават секое сомнително однесување. - Деновиве сме затрупани со намерни палежи - потенцира Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

„Мото Илинден“ со фестивал за адреналин и поголема сообраќајна култура
-

Газдата на „Пулс“ во Кривичен – Дали ќе добие нова мерка притвор?
-

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
