Бројните организирани забави до повисоки приходи за хотелите
Бројните организирани забави значително придонесуваат за зголемен прилив на гости и повисоки приходи кај хотелите. Во охридско струшкиот регион на годишно ниво се организираат околу 1500 свадби и други прослави во просек со над 200 гости кои ги исполнуваат капацитетите .Од ХОТАМ посочуваат дека овој тренд е клучен двигател за развојот на хотелскиот бизнис и алтернативниот туризам.
Организирањето настани во периоди надвор од главната туристичка сезона им помага на хотелите да одржат стабилен прилив на приходи во текот на целата година.
Бројните свадби во охридско-струшкиот регион особено се изразени за време на летните месеци. Овој регион е традиционално еден од најатрактивните за организација на свадбени веселби благодарение на природните убавини, езерскиот амбиент и длабоко вкоренетите обичаи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
