Бизнис
14. September 2026 - 17:17

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5

Дизелот од полноќ поевтинува за 2 денари, бензините поскапуваат за 3,5. Намалувањето на цената кај дизелот се должи на владината одлука за повластено ДДВ од 10 наместо 18 %. Во пресметките на Регулаторната комисија вкалкулирани се и намалените акцизи од 2 денари кај бензините и 4 кај дизелеот.

Скокот на цената на горивата е резулатат на зголемените тензии на Блискиот Исток и затворањето на саудикиот нафтовод Исток – Запад. На светските берзи брент нафтата денеска надмина 108 долари за барел. Со ваков пораст и преземените мерки, владата ќе одлучува дали ќе прави нов ребаланс или пренамена на средствата.  

- Податоците, еве последните со 10 септември покажуваат дека буџетот се полни согласно планираната динамика, освен кај акцизата, каде што имаме потфрлање. До крајот на неделата ќе имаме средба со царинската Управа и УЈП и ќе донесеме одлука дали ќе има нов, втор ребаланс или ќе одиме со пренамена на средства, изјави Гордана Димитриоска Кочоска, министер за фианнсии

Опозицискиот лидер Филипче смета дека мерките за задоцнети и половични. За подобар животен стандард бара да се укине акцизата, а ДДВ то да се намали на 5 отсто. На тој начин, според неговите пресметки, заштедите кај граѓаните би биле повисоки

„Доколку се имплементираат мерките на Владата, недоволното намалување на акцизата од 18 на 10%, тогаш, човек со просечна нето плата може да купи 513 литри евро дизел или 535 литри Евро супер. Со нашите предлог мерки, ќе може да купи 621 литар Евро дизел, значи 108 литри повеќе, или 740 литри Евро супер, односно 205 литри повеќе. Човек со минимална плата, наместо со мерките кои што ги предлага Владата да може да купи 276 литри Евро дизел, да може да купи 334 литри Евро дизел, значи 58 литри повеќе, и наместо 288 литри Евро супер, 398 литри Евро супер, односно 110 литри гориво повеќе со мерките на СДСМ“, рече Венко Филипче, престедател на СДСМ.

Владините мерки за повластено ДДВ кај дизелот ќе бидат на сила во следните две недели, односно до 28 септември. Одлуката да се намали данокот само кај дизелот,  се донела затоа што токму кај дизилеот цената најмногу растела, вели министерката за финансии. Инаку, покрај нафтата, расте и цената на природниот гас, кој се продава за 83 долари за мегават – што е највисока цена во последните 4 години, од декември 2022 та година.